-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Фото: „Ford Falcon“ од милион долари

Најчитани вести

Станува збор за модел од 1971 година, а оваа лимузина наскоро би можела да се продаде за повеќе од 1.000.000 австралиски долари, што е некаде околу 793.000 американски долари.

Овој модел има V8 мотор и е толку моќен што испорачува 370 КС при 5.400 вртежи во минута, а четвртина милја поминува за 14,4 секунди при брзина од 228 km/h.

Погледнете ги фотографиите кои ги достави куќата „ Shannons “, која и го продава овој модел, а велат дека некогаш му припаѓал на Ал Тарнер, поранешниот менаџер за специјалните возила на Форд.

Автомобилот имал тешка сообраќајна несреќа во 1972 година и не можел да се поправи до 1978 година а оттогаш може уредно да вози по улиците.

Автомобилот е во Сиднеј веќе 14 години а сега бара нов сопственик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com