Home » ФОТО | Ќерката на Џони Деп „уловена“ како се бакнува со новата девојка

ФОТО | Ќерката на Џони Деп „уловена“ како се бакнува со новата девојка

by Lina Muslija

Лили-Роуз Деп, 24-годишната актерка и ќерка на славниот Џони Деп, беше „уловена“ како страсно се бакнува со нејзината партнерка, на ручек во Лос Анџелес.

Заљубената двојка се држела рака под рака, додека се движеле до ресторанот за саботниот ручек, привлекувајќи големо внимание во јавноста.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Ѕвездата од „Идол“ била во комбинација од син кроп-топ со бели шорцеви кои ѝ ги нагласиле нејзините витки нозе. Нејзината коса била собрана во елегантна пунџа, а целиот изглед го комплетирала со стилски црни очила за сонце. Музичарката и нејзина партнерка, 070 Шејк, носела црвен дрес со широки црни панталони.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

На фотографиите може да се забележи како во еден момент, младата двојка страсно се бакнува и споделува нежности.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Инаку, музичарката и актерката за прв пат беа романтично поврзани во јануари годинава. Лили потврди дека тие почнале да се забавуваат во јануари, откако објави романтична фотографија од двете како се бакнуваат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More