Фудбалерите на Шкендија пристигнаа во Кардиф, каде што в четврток ги очекува реваншот од првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Првиот натпревар против Хаверфордвест Каунти во Скопје, тетовчани го добија минимално со 1-0, иако имаа доста шанси.
Сега момците на Ардиан Нухиу ги очекува гостинскиот меч во Велс, на кој треба да го потврдат пласманот понатаму. Шкендија слета во Кардиф, каде што ќе има краток период на адаптација пред утрешната пресметка. Тетовчани денес попладне треба да го одработат официјалниот тренинг.
Натпреварот меѓу Хаверфордвест Каунти и Шкендија во Кардиф е закажан за в четврток во 20:45 часот.