Home » (ФОТО) ХОЛИВУДСКАТА АКТЕРКА Е БРЕМЕНА ОД 15 ГОДИНИ ПОМЛАДО МОМЧЕ Фотографиите во бикини го открија трудничкиот стомак

(ФОТО) ХОЛИВУДСКАТА АКТЕРКА Е БРЕМЕНА ОД 15 ГОДИНИ ПОМЛАДО МОМЧЕ Фотографиите во бикини го открија трудничкиот стомак

by Lina Muslija

Познатата 41-годишна актерка Сиена Милер е бремена и го чека своето второ дете, а тоа го открија нејзините бикини фотографии снимени во текот на одморот на Ибица. Британската актерка по вторпат ќе стане мајка и изгледа прекрасно во трудничките денови!

Сиена на плажа носела дводелен костим за капење во кафеава боја, а веќе не можела да го сокрие трудничкиот стомак.

Милер  е на одмор со партнерот Оли Грин (26) со кого чека дете. Тие претходно биле видени во Сен Тропе. Тогаш Сиена била снимена во шарен дводелен костим за капење, а нејзиниот труднички стомак сè уште не бил толку забележлив.

Гласините дека Сиена и Оли се во врска датираат од февруари минатата година кога беа видени заедно во Њујорк, а потоа врската ја потврдија на филмските награди БАФТА.

Актерката од претходната врска со актерот Том Стариџ, со кого беше од 2011 до 2015 година, ја има десетгодишната ќерка Марлоу. Во една прилика рече дека Марлоу е иста како неа.

„Кога воспитувате дете, во таа личност гледате аспекти на вашиот карактер, тие се одразуваат на вас, а тоа е врската со најголемата љубов што ја имам. Таа ме познава мене и јас ја познавам. Таа е многу тврдоглава, како и јас. Ја гледам како единствена личност, но во исто време ги гледам и генетските врски. Таа е рајот, моето дете“, сподели Сиена, пренесе „Пипл“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk