0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Фото: Пристигна новиот електричен „Renault Megane E-Tech“

Најчитани вести

Два дена откако на интернет се појавија првите фотографии, францускиот произведувач и официјално го претстави моделот „Megane E-Tech“.

„Renault“ од маркетиншки причини одлучи за новиот модел да го употреби добро поз натото име кое веќе со генерации го носи неговиот компактен хечбек- „Megane“, иако овде станува збор за кросовер и целосно ново возило кое е базирано на различна механичка платформа.

„Megane E-Tech Electric“, како што е целосниот назив на овој автомобил, тежи 1.624 кг и е поставен на „CMF-EV“ модуларната платформа која ја дели со сестринскиот електричен модел „Nissan Ariya“.

За возило со должина од вкупно 4,21м, „Megane E-Tech“ има импресивно меѓуосовинско растојание од 2,7 метри, со што е добиена пространа патничка кабина во компактната каросерија.

Автомобилот е поставен на големи, 20 инчни тркала и доаѓа со кваки кои се вовлекуваат во панделите од предните врати, додека на задните се скрини во столбот.

„Megane E-Tech“ воедно е првиот продукциски „Renault“ модел кој го носи новото лого на брендот, дизајнирано во ретро стил.

Командната табла е речиси целосно дигитализирана, со два големи екрани.

Пред возачот е поставен дисплеј со големина од 12,3 инчи, кој ја менува конвенционалната инструмент табла а на врвот од централната конзола се наоѓа 12 инчен екран чувствителен на допир преку кој се контролира мултимедијалниот систе.

Поевтините верзии од автомобилот се опремени со поскромен екран од 9 инчи.

Голем дел од ентериерот е изработен од рециклирани материјали а на крајот од животниот циклус, 95% од возилото ќе може да се рециклира.

Основната верзија има електричен мотор од 130 коњски сили, додека помоќната располага со 218 коњски сили.

„Renault Megane E-Tech Electric“ со помоќниот мотор забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,4 секунди и развива максимални 160 км/ч.

Купувачите ќе можат да бираат помеѓу две батерии со капацитети од 40 и 60 kWh.

Помалата батерија обезбедува автономија во возењето од 300 километри, додека со поголемата ќе можат да се поминат и до 470 километри.

Батериите се испорачуваат со гаранција од 8 години. Доколку во тој период капацитетот падне под 70%, компанијата гарантира замена за нова.

Овој модел ќе биде изложен на саемот за автомобило во Минхен, кој се одржува оваа недела, а потенцијалните купувачи ќе можат да го порачат дури од февруари 2022.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com