2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Фото: Половина век од претставувањето на легендарниот Мерцедес „R107 SL“

Најчитани вести

Легендарниот двосед на Мерцедес дебитирал во април 1971 година.

Поминати се точно 50 години откако Мерцедес го претставил „R107 350 SL“, првиот „SL“ модел со „V8“ мотор и еден од најдолго изработуваните автомобили во историјата на германскиот произведувач.

Овој модел се произведувал цели 18 години, од 1971 до 1989, со одредени стилски унапредувања на полето на моторизација, за да остане конкурентен на пазарот.

Мерцедес „R107 SL“ имал многу напредни технички и безбедносни решенија за времето во кое е настанат.

Мерцедес од 1980 годоина, почнал во овој модел да вградува „ABS“ систем, а во 1982 година автомобилот бил опремен и со воздушни перничиња за возачот, како и со претзатегачи за безбедносните појаси.

Погонската единица, 3.5 литарски „V8“ со 200 коњски сили, позајмена е од Мерцедес „W111 280SE 3.5“, а оние кои сакале уште помоќен мотор можеле да ја нарачаат верзијата „450 SL“ со 225 коњски сили.

Германскиот произведувач во 1974 понудата ја проширил со моделот „280 SL“ со 185 коњски сили.

Со редизајнот од 1980, ентериерот на моделот SL е ускладен со оној на мерцедес „W126 S“.

Освен тоа, „380 SL“ пристигнал како замена за „350 SL“, а наместо „450 SL“ воведен е помоќниот „500 SL“ со 240 коњски сили.

Годината 1985 година, носи нови 15 инчни бандаши, мал преден спојлер во сите верзии и подобрена предна суспензија.

Гамата го вклучувала новиот основен модел „300 SL“ со 188 коњски сили, потоа „420 SK“ со 218 коњски сили и „500 SL“ со унапреден мотор.

Во врвот на понудата бил „560 SL“, но оваа верзија не била достапна за купувачите во Европа.

Мерцедес за 18 години продал вкупно 237.287 примероци од моделот „R107 SL“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com