Најсреќен сум кога сум до тебе, напиша пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири на неговиот инстаграм профил и објави неколку фотографии од вчерашната свадбена церемонија.

Кум на венчавката беше претседателот на Владата, г. Зоран Заев, а свадбата беше во Double Three by Hilton.


Бисера е долгогодишна љубов на Мухамед, а нивната љубовна приказна ги надмина сите пречки и предрасуди. Младите веќе го очекуваат и своето прво дете.
Им посакуваме долг и среќен брачен живот на младите, исполнет со многу љубов и дечиња!