Американскиот рапер Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори се на патување во италијанскиот регион Тоскана. Како и секогаш, згодната сопруга на раперот го привлече вниманието со провокативно издание.
Додека 46-годишниот Вест бил облечен во црна комбинација – јакна, панталони и чевли, 28-годишната Ценсори се појавила во проѕирно боди, хеланки во боја на кожа и бели чевли. Подоцна им се придружила и нивна пријателка, која на прв поглед многу потсетува на поранешната сопруга на Вест, Ким Кардашијан.
Но, на дел од Италијанците не им се допаѓа тоа што Ценсори носи провокативни модни комбинации за време на посетата на оваа европска земја.
Познатата двојка веќе некое време престојува во Италија, а Ценсори повеќе пати се појави во проѕирни парчиња облека, кои ѝ ги откриваат градите или задникот.
„Не ни треба ова ѓубре во Италија“, искоментира една Италијанка на социјалните медиуми, додека друга искоментира дека Ценсори „нема стил“ и дека е „вулгарна“.
Други, пак, му порачаа на познатиот пар дека не е добредојден во Италија и дека треба да се вратат дома, пренесе „Дејли мејл“.
Како потсетување, Канје Вест и Бјанка Ценсори се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс во јануари годинава, околу два месеци по официјалното финализирање на разводот на раперот со старлетата Ким Кардашијан.
Бјанка Ценсори е дипломиран архитект и, пред да влезе во врска со Вест, работела во дизајнерската компанија „Јизи“ на раперот.