Home » (Фото) Легендарниот модел на „Citroen“ го слави 75. роденден

(Фото) Легендарниот модел на „Citroen“ го слави 75. роденден

by Lina Muslija

„Citroen“ одбележува 75 години од легендарниот модел кој и денеска има бројни фанови.

Од почетокот на производството во 1949-та година произведени се 5.114.969 примероци, а дел од нив се произведени во фабрика во Копер. Автомобилот во производство се задржал се до 1990-та година, кога последниот примерок бил произведен во Португалија, но сеедно и денес често можеме да го видиме на улиците ширум светот.

„Citroen“ во развој на „TPV“ (Toute Petite Voiture) или „многу мал автомобил“ тргнал уште кон средината на 30-тите години, со цел да се произведе сестран и евтин автомобил. Премиерно е претставен како прототип во 1939-та година во Париз, но вистинската премиера ја имал на истото место во 1948-ма година.

Го придвижувал мал двоцилиндричен мотор со капацитет од 375 ccm со само 9 коњски сили. Можел да вози 50 км/ч, што се покажало како доволно да се започне моторизација на француско семејство со ниски примања кое никогаш не можело да си дозволи автомобил.

„2CB“ бил вистински хит па веќе во 1950-та година на него купувачите чекале и до шест години. Во меѓувреме дошол и „Mehari“, како и „Sahara“ со два мотори од 12 коњски сили. Подоцна светлото на денот го виделе бројни изведби, како и цивилизирани модели како што се „Ami“ и „Dyane“.

За да го одбележи 75-тиот роденден, „Citroen“ одлучи да направи снимање со неколку посебни модели, вклучувајќи го и прототипот од 1939-та година.


You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More