Како и секогаш, финалето на најпрестижниот тениски турнир во светот носи специјални гости, а традиционално има и членови на кралското семејство, кои ќе му го врачат пехарот на шампионот.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која неколку години наназад го доделува пехарот на победникот на турнирот, се појави на финалето за да го види финалниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Финалето на Вимблдон започна. Публиката во голема мера ги зазеде своите позиции во боксовите, а на трибините со нетрпение го чека победникот на традиционалниот тениски турнир во Велика Британија. Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои осмата титула на Вимблдон против младиот Шпанец, Карлос Алкараз.

Бројни познати личности не само од Велика Британија, туку и од целиот свет будно го следат финалето на Вимблдон, а фотографите веќе успеаја да го овековечат доаѓањето на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон , која дојде во придружба на нејзиниот сопруг принцот Вилијам, како и нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

