14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

ФОТО: Кошаркарка за време на натпревар го доеше бебето на клупа

Најчитани вести

Необична сцена од спортските терени доаѓа од Аргентина.

На натпреварот во женското кошаркарско првенство помеѓу Томас де Рокамора и Велез Сарсфилд, вниманието на светската јавност го привлече кошаркарката на домашниот тим, Антонела Гонзалез. Таа среде натпревар, го доеше своето 11-месечно бебе.

– Секогаш ја дојам пред натпреварот. Веќе го завршивме разговорот со тренерот и му реков дека ми е потребно малку време на клупата. Тоа е природно. Инненадена сум што нешто што е природно имаше толку голем оддек во јавноста. Но, среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите мајки дека по бременоста и породувањето можат да се вратат во професионалниот спорт – изјави Гонзалез.

Нејзиниот тим славеше со 61:44, а Антонела Гонзалез постигна осум поени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести