Американскиот рапер Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори уживаат на одмор во Италија.
Сепак, ова им пречи на многу од Италијанците поради необичното однесување на раперот, па упатиле јавен апел до властите за нивно апсење.
Последниот бил упатен откако Канје во Венеција го покажал голиот задник, додека со Бјанка се возел на гондола, а тоа ги разбеснило случајните минувачи и туристите кои ја виделе сцената.
Пред да влезе во чамецот, бил покриен од глава до пети во црно, додека таа носела мантил до колената. Меѓутоа, и двајцата ги соблекле слоевите облека кога влегле во чамецот.
Таа исто така останала во проѕирна креација, додека Канје ги спуштил панталоните и јасно се гледал неговиот гол задник.
„Како тие двајца не се уапсени досега поради непристојно однесување“, „Јавна непристојност! Чувајте го тоа за приватноста во вашиот дом“, „Италијанските власти мора да ги уапсат поради непристојното и одвратно однесување во јавноста“, „Што им е нив? Можеби е време полицијата да реагира“, биле само дел од коментарите.
Се огласиле и некои кои загрижено се запрашале дали новите фотографии се доказ дека раперот ја контролира Бјанка.
„Гледа ли некој дека на овие двајца им е потребна помош? Каде е семејството на оваа жена? Сигурен сум дека и Канје има луѓе на кои им значи“, „Кутра жена. Изгледа бедно“, „Па, сигурно не изгледа среќно“, „Бјанка мора да излезе од оваа болна врска, какво понижување за неа“…
Поради тоа што и Бјанка била непристојно облечена, според италијанскиот Уставен суд ѝ следи парична казна во износ од 5.000 до 10.000 евра, а доколку во нејзина близина имало малолетници, можеби ќе добие и затворска казна од четири месеци до четири години.