На фотографијата која беше објавена на социјалните медиуми, Марк Закерберг позира без маица, испотен и во прилично добра форма покрај ММА борецот Израел Адесанја и Алекс Волкановски, кои очигледно го подготвуваат за дуелот со Илон Маск, пренесува „Инсајдер“.

Инаку, неодамна Илон Маск го покани неговиот ривал Марк Закерберг на тепачка во кафез. Потоа се појави и видео од тренингот на Маск заедно со Лекс Фридман, компјутерски научник и јавна личност, кој има црн појас, а исто така доби понуда и од легендата на УФЦ, Џорџ Сент-Пјер, да му помогне.
Односот меѓу двајцата богаташи, дополнително се залади кога Закерберг ја лансираше ривалската платформа „Тредс“ („Threads“), која привлече повеќе од 100 милиони корисници за пет дена.

Од компанијата „Твитер“, потоа одговорија со закана, дека ќе ја тужи „Мета“ поради новата апликација, велејќи дека гигантот на социјалните медиуми ги користел своите трговски тајни и други доверливи информации.