14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

ФОТО| Дивата на 75-годишна возраст изгледа три децении помладо

Најчитани вести

Претходно седмицава на улиците на италијанското место Портофино, папарицате ја фотографираа американската поп-дива Шер додеа со пријателите уживала во коктели во ексклузивен ресторан, а по објавувањето на фотографиите јавноста е шокирана во нејзиниот изглед и се прашува дали тоа е возможно.

Славната пејачка, според оцените на читателите, изгледала спектакуларно и многу младолико во црните хеланки, бомбер-јакната и сандали на платформа.

На фигурата на сега веќе 75-годишната Шер би ѝ позавиделе и неколку децении помлади жени. Велат дека е очигледно дека била подвргната на пластична хирургија за да ја сочува својата младоликост, но за разлика од повеќето нејзини колешки не го променила личниот опис.

И натаму ја краси истата препознатлива енергија и неверојатната харизма, и изгледа најмалку 20 години помлади. И на сцената се движи со еднаква сила е елан како и на почетокот од кариерата, пред половина век.

Но во што всушност се состои нејзината тајна, како Шер се негува?!

Пејачката оди во теретана и до пет пати неделно, а има и личен тренер. Своевремено откри дека вежба двојно повеќе отколку кога била млада. Покрај вежбањето, таа и сурфа, ужива во долги прошети, а понекогаш игра и тенис.

Шер, исто така, не јаде месни производи и црвено месо.

„Не сакам месо, така што повеќето работи што ги јадам се главно здрави освен десерите. Се трудам да ја избегнувам храната со висока содржина на масти, бидејќи ме прави млитава и додава на тежината. Едно време живеев на сладо печен компир и цезар салата. Избегнувам да јадам сирење, тешко се вари“, рече Шер во една прилика.

Поп-иконата додаде тогаш дека на нејзиното мени редовно е кафен ориз, мешунки, тестенини и овошје.

Шер ги избегнува и алкохолот и цигарите, а вели дека пие само три до четири пати во годината.

„Не можете да наполните 40 години и да мислети дека Господ, владата или кој друг ќе се погрижи за вашето тело. Вие сте единствената личност задолжена за своето здравје и своето тело“, истакна пејачката.

Секако, станува збор и активна и секојдневна нега на кожата. Вели дека комбинира различни производи од неколку светски производители. Веќе 30 години ја користи состојката Ретин-А на којашто многу полага, но и предупредува дека неопходно да се користи со надзор од дерматолог.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com