Home » (Фото/Видео) Денес целосно напуштена: Погледнете во екстравагантната палата во срцето на Тоскана со 365 различни соби

(Фото/Видео) Денес целосно напуштена: Погледнете во екстравагантната палата во срцето на Тоскана со 365 различни соби

by Lina Muslija

На околу 30 километри јужно од Фиренца, во самото срце на Тоскана се наоѓа екстварагантната палата со уникатна убавина и интригантна историја, која денес, за жал е целосно напуштена.

Замокот Кастело ди Самецано (Castello di Sammezzano) се наоѓа во општината Реџиоло, недалеку од Фиренца. Изграден е на врвот на еден рид, среде парк кој се простира на 187 хектари.

Кастело ди Самецано е најрепрезентативниот пример на ориентализмот во Италија, но и во цела Европа. Замокот бил изграден во 1605 година од старото благородничкото семејство Хименез де Арагон. До 19 век се користела како ловечка резиденција и го задржала изгледот на традиционалната тосканска вила.

Последниот наследник, Маркиз Фердинандо Панчиатичи Ксименес де Арагон (Ferdinando Panciatichi Ximenes de Aragón) е заслужен за денешниот изглед на замокот.

Фердинандо бил истакната личност во културниот, општествениот и политичкиот живот на Фиренца во 29 век. Својот живот го посветил на грандиозниот проект – редизајнирање на палатата, кој траел од 1853 до 1889 година.

На почетокот на 19 век, Европа била преплавена од уметничкото движење ориентализам, инспирирано од културата на Истокот, што очигледно многу му се допаднало на Фердинандо. Благодарение на финансиски средства, љубовта кон уметноста и безграничната имагинација настанало ремек-дело на архитектурата, единствено во Европа.

Фердинандо ја модифицирал постоечката структура на палатата додавајќи нови простории, кула, мавритански сводови, фонтани, базени.

Кастело ди Самецано има вкупно 365 соби, по една за секој ден од годината и сите се сосема различни.

Тоа било постигнато со мноштво декоративни архитектонски елементи како што се релјефи, орнаменти, керамички плочки, мозаици, сводови и витражи.

Секоја од собите има свое име, па така можете да прошетате низ „Пауновата соба“, украсена со живи бои и геометриски шари, „Белата соба“, со марокански мозаик на подот, „Салата на огледалата“, „Коридорот на сталактити или „Салата на љубовниците“.

Во Кастело ди Самецано можат да се најдат бројни натписи на латински, италијански и шпански. Една од нив е латинската фраза „Non plus ultra“ што значи „најдалечна точка, кулминација“. Овој израз потекнува од грчката митологија кога ги предупредувал истражувачите за „работ на светот“, кој тогаш се сметал за рамна плоча.

Се претпоставува дека Фердинандо сакал да нагласи дека неговата палата, е, фигуративно, место од друга планета.

Паркот околу зградата е еден од најголемите во Тоскана. Фердинандо засадил повеќе од 100 егзотични растителни видови, меѓу кои се издвојуваат џиновските секвои донесени од Калифорнија. Повеќето од растенијата веќе не постојат, но црвените дрвја преживеале и денес формираат една од најголемите дрвја во Италија, со 57 единки високи над 35 метри.

Огромното пространство на паркот било украсено со фонтани, базени, детали од теракота, мост и вештачка пештера со статуа на Венера.

Фердинандо го угостил италијанскиот крал Умберто I во неговата величествена зграда во 1878 година, а Кастело ди Самезано претходно бил посетен и од Наполеон Бонапарта во 1796 година.

По смртта на Фердинандо започнува темниот период на Кастело ди Самецано. По Втората светска војна, палатата била претворена во луксузен хотел со спа и терени за голф, кој бил затворен во 1990 година.

Живописниот ентериер бил искористен и за снимање на холивудски филмови како „Tale of Tales“ со Селма Хајек и Винсент Касел во главните улоги.

И покрај единствената убавина, палатата долго време била напуштена, а денес не се дозволени посетители. Постои желба за негово реновирање, но проблемот, како и обично, биле бирократијата и правните спорови.

Сопственик е всушност „Samecano Palace“,, британско-италијанска компанија која прогласила банкрот во 2015 година, а тој процес завршил во 2019 година, кога компанијата ја вратила сопственоста на замокот.

Но, ниту регионалните, ниту државните институции не иницирале значајни активности кои би се насочиле кон заштита на ова обележје.

Сепак, во периодот од 2012 до 2015 година, Кастело ди Самецано бил отворен за јавноста. Во меѓувреме се појавило движењето „Спасете го Самецано“ кое се залага да граѓаните и институциите повеќе да се посветат на зачувувањето на палатата и нејзино отворање за јавноста.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More