Поп-пејачката Тамара Тодевска по летните ангажмани низ Македонија, заслужено слободното време си го поминува со оние кои најмногу ги сака – нејзиното семејство.
Тамара, неретко објавува фотографии на своите социјални мрежи од миговите кои ги поминува со своето семејство, а овојпат не пропуштила прилика да ја прикаже семејната идила од Маврово.
Покрај објавените фотографии, сепак видеото на кое Тамара, нејзината ќерка Хана и сестра ѝ Тијана танцуваат, привлече навистина големо внимание и ги стопли срцата на нејзините обожаватели.
На видеото двете сестри танцуваат под раководство на слатката Хана која е голем вљубеник во музиката и танцот, а истото изгледа навистина преслатко.
Под видеото можат да се прочитаат позитивни коментари:
„Сто пати го изгледав, колку сте слатки и позитивни сите три“, „Тоа е таа центарска школа, ист дух од основно до мајки“, „Брутални сте“, „Кралици“, „Браво женски“, „Јаки сте… Браво!“, биле само дел од коментарите.