Новата брачна двојка првиот заеднички роденден во бракот го прослави во градот на светлината Париз.
Папараците ги „фатија“ Бен и Џенифер на вечера во еден париски ресторан
Бен на фотографиите може да се забележи како плаче од среќа на роденденот на Џеј Ло.
Во еден момент се гледа како Лопез го теши својот сопруг, а овој нежен момент го „фатиле“ папараците.
Бен и Џенифер имаа романтична вечера во гурманскиот ресторан „Ла жираф“, кој се наоѓа на плоштадот Трокадеро пред Ајфеловата кула.