Home » ФОТО: Анџелина Џоли забележана на концерт на „Манескин“

ФОТО: Анџелина Џоли забележана на концерт на „Манескин“

by Журнал.мк

Сега знаеме чија музика најмногу сакаат да ја слушаат Анџелина Џоли и нејзината ќерка Шајло. Во прашање е италијанската сензација „Манескин“, кои пред неколку дена настапија во Рим, а сега се појавија и фотографии од познатите гостинки на тој концерт.

Познатата актерка и режисерка, која во Рим поради одмора по снимањето на филмот Without bloodАнџелина Џоли и нејзината ќерка Шајло уживаа во настапот на италијанскиот бенд, што може да се види и на фотографиите.

Актерката и нејзината наследничка очигледно се големи фанови на групата, како и на фронтменот Дамјан Давид, кој таа вечер ја освои публиката.

🔵#CircoMassimo L’arrivo dell’attrice Angelina #Jolie al concerto dei #Maneskin. La star di Hollywood, in Italia per girare il suo nuovo film da regista, stasera spettatrice della band romana.
Immagini @mirimauti #GR1 pic.twitter.com/PDRuPQAPTd

— Rai Radio1 (@Radio1Rai) July 9, 2022

Имено, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит обожава да слуша музика, поточно да танцува, па видеата од тоа како игра во студиото Millennium Dance Complex во Лос Анџелес ја одушеви публиката на Јутуб, но и социјалните мрежи.

Шајло посетува часови кај кореографот Хамилтон Еванс, а нејзината мајка е воодушевена од нејзиниот неверојатен талент.

Кога е во прашање Шајло, често се зборува на кого повеќе личи – на мајка си, или на славниот татко Бред Пит. Се чини дека најточниот одговор е дека личи на двајцата родители, барем што се однесува до изгледот, и нема збор дека ги наследила најкарактеристичните црти на познатите актери.

Познатиот пар, покрај Шајло, има уште пет деца. Анџелина Џоли и Бред Пит почнаа да се забавуваат 2005 година. Се венчаат десет години подоцна, а се разведоа 2016 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More