Невообичаен транспорт – на југоистокот на Турција почна преместувањето на античка џамија од 15. век. Причина се градежни работи на браната Илису.
На местото каде што досега се наоѓаше џамијата треба да се создаде вештачко езеро на реката Тигар. Според наводи на турските власти, за таа цел џамијата ќе биде поделена на четири дела. Хидроцентралата на браната Илису треба да произведува околу 1.200 мегавати електрична енергија, што ќе ја стави на четвртото место во Турција според количество на произведена струја. Проектот, меѓутоа, е критикуван, затоа што поради него своите домови треба да ги напуштат околу 78.000 луѓе од околу 200 околни села. Освен тоа, се стравува и дека хидроцентралата може да предизвика недостиг на вода во Ирак.