10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Фотографијата од Ибица на Меси со половина играчи од ПСЖ ги вознемири навивачите на Барселона

Најчитани вести

Еден од најдобрите фуабалери на денешницата и воопшто во истроијата на овој спорт Аргентинецот Лионел Меси на кого му заврши договорната обврска со шпанската Барселона каде ја изгради кариерата и ја стекна славата е на одмор на Ибица. На оваа монденска туристичка дестинација каде редовни посетители се светски јавни личности Меси е со жена му и децата, но се дружи и со  семејствата на Луис Суарес и Сеск Фабрегас. Навивачите на Барселона го чекаат тој да потпише нов договор со шпанскиот гигант и на 8 август да го предводни тим на мечот против Јувентус за „Трофејот Гампер“.

Засега нема никакви најави дека Меси сака да ја напушти Барселона, но една фотографија која ја објави Нејмар предизвика голем немир кај Каталонците. Меси е во друштво на четворица фудбалери на Пари Сен Жермен, единствениот клуб кој може да го „украде“ Аргентинецот. Меси се фотографираше со пријателот Нејмар, сонародниците Анхел ди Марија и Леандро Паредес, а таму е и Италијанецот Марко Верати.

За да остане во Барселона, Меси мора да се согласи на двојно помала плата од таа што ја земаше досега и притоа клубот мора да продаде некој скап играч, за да го исполни финансискиот фер-плеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com