0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Фотографиите од нејзиниот несреќен момент на црвениот тепих во Венеција го обиколија светот

Најчитани вести

Маријакарла Босконо прошетала на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција во ризичен фустан поради кој имала мали проблеми.

Италијанската манекенка и актерка Маријакарла Босконо (40) неочекувано се нашла во средиштето на вниманието на свеченото отворање на 78-от филмски фестивал во Венеција.

Иако избрала да носи необично модно парче сепак поради истото се нашла во проблеми кои не им „побегнале“ на собраните фотографи.

Додека шетала на црвениот тепих во потпетици со нив успеала да го згазне фустанот, па за малку ќе паднела, но успешно одржала рамнотежа и избегнала катастрофа.

А, како што тоа вообичаено бидува, фотографиите од нејзиниот несреќен момент го обиколија светот.

Инаку, Маријакарла како манекенка се прославила во раните 2000-ти години кога соработувала со најпознатите модни куќи како на пример „Channel“, „Dolce & Gabbana“, „Prada“ и „Armani“ и учествувала на нивните ревии на големите модни недели во Милано, Њујорк, Париз и Лондон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com