7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Форбс: Русија за две недели ја напуштиле речиси милион лиѓе

Најчитани вести

Друг соговорник на Форбс изјавил дека Русија ја напуштиле меѓу 600.000 и 700.000 луѓе и додаде дека е невозможно да се пресмета колку луѓе ја напуштиле земјата за туристички цели.

Веднаш по прогласувањето на мобилизација, се формираа редици на руските гранични пунктови.

Најпознат е на контролниот пункт Горњи Ларс на руско-грузиската граница, каде луѓето чекаа во ред четири или пет дена, често без храна и вода. Редици се формираа и на граничните премини на руско-казахската граница.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли наводите на Форбс, велејќи дека Кремљ не го знае точниот број на луѓе кои ја напуштиле земјата, но дека е далеку од објавената бројка.

„Мириса на новинарска патка. Не знам ни што е руската издавачка куќа Форбс. Дали е објавено или не, дали воопшто постои таа издавачка куќа…“, рече Песков.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести