23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Фон Крамон: Нон-пејперот со предлог за северно Косово изгледа како статусот на Јужен Тирол

Најчитани вести

Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, зборуваше за најновиот „нон-пејпер“, документот во кој наводно се предвидува посебен статус за северот на Косово.

Виола Вон Крамон за РТВ Дугаѓини рече дека не знае дали овој документ за кој се тврди дека е француско-германски има неофицијална поддршка.

„Она што е предложено во тој документ [нон-пејпер] изгледа како статусот на Јужен Тирол во Италија што ги реши билатералните проблеми меѓу Италија и Австрија. Може да биде успешен модел, но мора да биде персонализиран земајќи ги предвид спецификите на ситуацијата во Косово. Да почекаме да видиме, но јас ја повикувам европската дипломатија да го зголеми нивото на координација за да се избегне какво било недоразбирање“, изјави германската европратеничка.

Фон Крамон се надева дека со посетата на премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Брисел ќе иницира деблокада на дијалогот. Таа вели дека е среќна што размената на територии е веќе одбиена од САД и ЕУ.

„Среќна сум што секоја размена на територии веќе не е на масата“, рече Фон Крамон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести