Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска ќе го има нејзиното прво обраќање пред Европскиот парламент откако на први овој месец ја презеде функцијата. Таа треба да ја образлужи програмата на Комисијата за време на нејзиниот мандат. Со слична цел се и обраќањата на повеќе еврокомесари во ресорните комитети на Европскиот парламент. Во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе говорат новиот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Варели.