8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Фон дер Лајен одговори на критиките за еврокомесарот Вархеи

Најчитани вести

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека го поддржува комесарот за проширување Оливер Вархеи, но истакна дека тој не одлучува сам за политиките во Комисијата.

По критичкиот напис објавен во европскиот Политико за еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, во кој се наведува дека тој ја фаворизирал Србија и се обидел да изврши непринципиелен притисок врз Северна Македонија во спорот со Бугарија преку одвојување од Албанија, претседателката на Европската Комисија вчера од Словенија одговори на овие наводи.

На новинарско прашање на оваа тема, Урсула фон дер Лајен изјави дека таа целосно ги поддржува сите членови на нејзината Комисија, но додаде и дека работата на Европската Комисија во проширувањето не се сведува само на комесарите туку и на тимовите на вработените во генералните директорати на институцијата кои, како што рече, со години го следат напредокот во земјите од Западниот Балкан.

Таа нагласи и дека Србија има уште многу работа во делот на владеењето на правото.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com