18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Фон дер Лајен: Макрон ѝ ја отвори на Русија вратата на западниот Балкан

Најчитани вести

Претседателот на Франција Емануел Макрон ѝ ја отвори на Русија вратата на западниот Балкан откако ги блокираше преговорите за пристапување на Албанија и Македонија во ЕУ, изјави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа ги повика лидерите на ЕУ веднаш да ги почнат преговорите за пристапување, со објаснување дека „Русија и Кина би можеле да ја пополнат празнината доколку Унијата не се утврди во регионот“.

Фон дер Лајен во говорот по повод 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид кажа дека Европа многу барала од Македонија и Албанија и дека земјите исполниле сѐ што се барало од нив.

„Сега треба да го одржиме зборот и да ги почнеме преговорите за пристапување“, кажа таа.

Додаде дека ако ЕУ не ја отвори перспективата за земјите од западниот Балкан, празнината ќе ја пополнат други, како Кина, Русија, Турција или Саудиска Арабија.

На неодамнешната средба на Европскиот совет Макрон беше единствениот европски лидер кој ги блокираше преговорите со Скопје и Тирана, а успеа да ги убеди Холандија и Данска да се спротивстават на почетокот на преговорите со Албанија.

Најнови вести