Home » Фолксваген оствари нето добивка од 15,8 милијарди евра

Фолксваген оствари нето добивка од 15,8 милијарди евра

by Журнал.мк

Германскиот производител на автомобили Фолксваген ја зголеми нето добивката во 2022 година и покрај проблемите во некои синџири на снабдување и повисоките трошоци.

Таа изнесува 15,8 милијарди евра, што е за 2,6 отсто повеќе од претходната година, покажуваат објавените деловни резултати. Приходите на групацијата се зголемени за 12 отсто на 279 милијарди евра.

Растот на приходите е првенствено резултат на поголемата побарувачка за поскапи автомобили, ги сумираше деловните резултати француската новинска агенција АФП.

Во исто време, најголемиот европски производител на автомобили објави дека постигнале добри резултати во 2022 година „и покрај постојаните нарушувања во снабдувањето и проблемите поради повисоките трошоци за суровини и енергија“. За годинава, пак, предвидуваат олеснување на проблемите со набавката на компјутерски чипови и проблемите во синџирите на снабдување.

Приходите на групацијата се очекува да пораснат за 10 до 15 проценти на годишно ниво.

Групацијата минатата година испорача 8,3 милиони возила, а оваа година очекуваат таа бројка да се искачи на 9,5 милиони.

Главниот конкурент на Фолксваген, Тојота, минатата година продаде повеќе од 10 милиони возила и трета година по ред ја задржа титулата на најпродаван производител на автомобили во светот, пренесува АФП.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk