13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Флексибилниот Huawei Mate X2 ќе биде претставен на 22. февруари

Најчитани вести

Пред неколку дена се појавија информација дека Huawei кон лрајот на февруари треба да го претстави својот Mate X2 флексибилен телефон, а сега го имаме и официјалниот датум на објавување на уредот. Според официјалниот Weibo профил на Huawei, следниот флексибилен уред на кинеската компанија ќе биде претставен на 22. февруари.

Тизер-фотографијата сугерира дека Mate X2 овој пат ќе се свиткува навнатре, за разлика од моделите Mate Xs и Mate X чии екрани се отвораа нанадвор. Кога станува збор за официјални информации, тоа е сè што засега е познато.

Според дојавувачите, Huawei Mate X2 ќе користи 5nm чипсет, за кој се верува дека ќе биде Kirin 9000 серија, а телефонот ќе го красат и нови технологии. Претходниот TENAA листинг  откри поддршка за 5G конекција и 66W брзо полнење на батеријата.

Смартфонот треба да има 8,1-инчен дисплеј кога ќе се отвори, со стапка на освежување на екранот од 120Hz. За конекција ќе бидат задолжени Wi-Fi 6 и Bluetooth 5.1, а сензорот за отпечатоци ќе биде сместен од страна на рамката. Оперативниот систем е EMUI 11, заснован на Android 10.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести