9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Флашираната вода не е секогаш и најздрава: Ова е најдобриот начин да ја прочистите

Најчитани вести

За да може водата за пиење да биде безбедна мора да помине лабораториски тестови и да добие лиценца од специјалист за да се користи за човечка употреба.

Некои од најголемите загадувачи се старата инфраструктура, разните хемикалии кои влегуваат во водата и можат да бидат канцерогени и го намалуваат имунитетот, нуспроизводите од индустриското производство, како и опасните пестициди.

За да се осигурате дека водата што ја пиете е исправна и добра, однесете ја во лабораторија на анализа. Проверете во каква состојба се цевките во вашиот дом бидејќи кај старите цевки може да дојде до протекување или да кородираат. Куќите и зградите кои се изградени пред многу години мора да ја поминат оваа проверка.

Исплакнете ги цевките така што ќе ја пуштите водата да тече малку појако од време на време. Оставете водата да тече две до пет минути без престанок за да се исперат цевките.

Флаширана вода не е секогаш и најдобра вода за пиење. Од повеќето познати брендови, постојат некои кои не поминале тестови и во чии производи се најдени и до осум различни загадувачи.

Најдоброто решение е да пронајдете соодветен филтер што ќе ја прочисти водата која ја пиете. На пазарот постојат бројни филтри кои се инсталираат директно во чешми и мијалници, но и бокали со заменлив филтер кој можете безбедно да го користите. Важно е да пронајдете начин кој на вас најмногу ќе ви одговора и кој најмногу ќе ви се исплати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com