Home » Фирмата од Желино која го доби тендерот од МНР за конференцијата на ОБСЕ е најголем донатор на ДУИ

Фирмата од Желино која го доби тендерот од МНР за конференцијата на ОБСЕ е најголем донатор на ДУИ

by Журнал.мк

Градежната фирма „Еуровиа дооел“ од тетовско Желино која за 1,8 милиони ќе го преадаптира Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ, лани била најголем донатор на владејачката ДУИ, пишува А1ОН.

„Еуровиа“ го доби тендерот од Министерството за надворешни работи и го склучи договорот на 21 август откако понудила најниска далеку најниска цена што било и единствен критериум.

Тендерот е во вредност од 1,8 милиони евра, a предмет на тендерот е „Набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во функција на одржување на Конференцијата на Министерскиот совет во рамки на претседавањето на Република Северна Mакедонија со ОБСЕ, во декември 2023 година“.

На тендерот се пријавиле вкупно четири компании. Највисиоката понуда била 25.909.710 денари, а најниската била 11.307.570 денари.

Избрана била „Еуровиа“, компанија која лани била најголем донатор на ДУИ. Таа е во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми.

Фирмата донирала 1,85 милиони денари како правно лице, додека донацијата Ељмедин како физичко лице била нешто над 2,5 милиони денари.

Претходно, „Еуровиа“ го доби и тендерот од два милиони евра за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk