19.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Финска планира построги мерки за пушење на отворено

Најчитани вести

Финските власти планираат во наредните години да ги заострат и онака строгите ограничувања против пушењето на јавни места, а со цел пушењето да биде речиси целосно искоренето до 2030 година.

Министерството за социјални прашања и здравствосоопшти дека наскоро ќе испрати предлог за дополнителни заострувања на ограничувањата за пушење на отворено.

Ќе биде предложена забрана на пушење на автобуските постојки, плажите, детските игралишта и некои тераси на кафулињата и рестораните. Оваа мерка би стапила на сила на 1 јануари 2022 година. Планирано е кутијата цигари да биде во неутрална обвивка без името на компанијата, а оваа мерка би можела да стапи на сила на на почетокот од 2023 година.

Некои земји веќе имаат воведено неутрална амбалажа на цигарите. Целта е помалку од пет проценти од населението во Финска да користи цигари до 2030 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести