8.5 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Финансиската полиција поднесе кривична за директорот на МТВ, Цветковски

Најчитани вести

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот на МРТ Марјан Цветковски заради злоупотреба на службената должност со што ѝ нанел штета на државата од над два милиони евра.

Цветковски, информираа на денешната прес-конференција од Финансиска полиција, во 2015 година, кога земал кредит од домашна комерцијална банка, го заложил имотот на МРТ без согласност од Собранието кое е негов основач.

– М.Ц. заложил имот со повисока вредност од вредноста на земениот кредит во износ од 154.459.822 денари. Дел од кредитот во износ од 30 милиони денари првопријавениот М.Ц. веднаш го искористил за подмирување на доспеани обврски кон банката давател на кредитот и доверител, по основ на претходен откуп на побарувања од правниот субјект БЕГ-снабдување Центар ДООЕЛ”, рече Даниела Весковска од Финансиската полиција.

Кривична пријава за истиот предмет заработи и нотарот З.П. која го заверила договорот за залог. /МИА.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести