Home » Финансиската полиција официјално ги тужи Русковска и другите обвинителки

Финансиската полиција официјално ги тужи Русковска и другите обвинителки

by Журнал.мк

На адреса на Основното јавно обвинителство пристигна кривичната пријава што ја најави првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Следува откако во Управата минатиот месец претрес извршија обвинителите за гонење организиран криминал.

„Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која се опфатени сите обвинители за коишто сметаме дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела“, велат од Управа за финансиска полиција.

Претходно од Управата за финансиска полиција брифираа дека станува збор за обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, а пријавата се однесува за злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа.

„Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е сè што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка“, нагласуваат од Управа за финансиска полиција.

Неофицијално, во основата на пријавата е извештајот од надзорот на Обвинителството на Љубомир Јовески, во кој се констатираат низа неправилности при претресот што го изврши Обвинителството на Русковска. Со денеска поднесената пријава, топката е повторно префрлена кај Јовески. Не се знае дали и кога ќе се постапува по пријавата и дали тој ќе покрене и евентуално обвинение. Од неговото Обвинителство сè уште нема одговор и дали врз основа на надзорот, имаат надлежности да изречат дисциплински мерки за колегите од Обвинителството за гонење организиран криминал или пак ќе чекаат тоа да го стори Советот на јавни обвинители.

Веднаш откако директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми ги најави пријавите, обвинителката Вилма Русковска обвини дека ѝ се врши притисок. Таа најави дека ќе ги објави наодите што ги има против Муареми, а тој пак ѝ одговори да покрене обвинение доколку има докази против него, а не да изнесува лажни информации.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk