25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Финансика полиција: Претрес имаше, но целта не е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, туку неговиот татко

Најчитани вести

Управата за финансиска полиција од утрово прави претрес во домот на родителите на пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Јован Јаулески од Струга, а тој на социјалните мрежи објави дека претресот го разбира како притисок пред денешното гласање за доверба на Владата на Зоран Заев.

Од Управата потврдуваат дека се прави претрес, но цел на претресот не е пратеникот туку неговиот татко.

„Претрес се прави, но цел не е пратеникот туку неговиот татко. Во моментот кога влеговме кај нив ние воопшто и не знаевме дека се во роднинска врска. Неговиот татко е раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН и тој е дел од еден голем предмет на кој работиме“, кажа во изјавата директорот Управата Арафат Муареми.

Претресот се прави во Скопје, а имотот, според документацијата, е на име на таткото на пратеникот.

За целиот случај Управата најави дека ќе ја информира јавноста преку соопштение во текот на денов.

Пратеникот Јаулески на „Фејсбук“ објави дека утрово во пет часот во неговиот дом упаднала Финансиска полиција.

„Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција! “, напиша Јаулески.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com