14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Филмски грабеж во Париз: Црногорци на тротинет украдоа накит вреден милиони

Најчитани вести

Црногорските државјани на возраст од 44 и 54 години се уапсени под сомнение дека украле накит вреден меѓу два и три милиони евра од златарница во Париз. Според француските медиуми, тие биле уапсени еден ден по грабежот на златарницата „Chaumet“ во 8-от париски арондисман.

Грабежот се случил во вторникот попладне, а маж кој немал качулка влегол во луксузната продавница околу 17 часот.

Медиумите јавуваат дека, како што може да се види на снимките од камерите, еден од уапсените прво побарал од вработените да му покажат накит што наводно сакале да го купат. Кога продавачите го ставиле накитот на послужавникот пред него, тој извадил пиштол и грабнал сe од послужавникот, по што избегал со пленот на тротинет. Во грабежот нема повредени.

Медиумите пренесуваат дека разбојникот и соучесникот изнајмиле соба во 3-тиот париски арондисман, и дека полицијата во нивниот стан пронашла докази дека со автобус тргнале на пат за Белград.

Тие беа уапсени денеска околу 13 часот, во автобус на автопатот недалеку од границата со Германија, од припадници на бригадата за истражување и интервенции во Мец.

Според извештаите на медиумите, голема количина накит што бил украден била пронајдена кај црногорските граѓани.

Медиумите, повикувајќи се на информациите од полицијата, објавија дека уапсените претходно не и биле познати на полицијата.

Им била одредена мерка притвор, а обвинителството во Париз ги обвини за „организиран грабеж со оружје и учество во злосторничко здружување поради извршување на кривично дело“, соопшти Обвинителството во Париз, пренесува подгорички „Вијести“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com