14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Филмот „Сестри“ на Дума е македонскиот кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм

Најчитани вести

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.

Друштвото на филмските работници на Македонија соопшти дека годинашниот македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар меѓународен филм за 2022 година е „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскаритеќе се одржи во недела, 27март 2022 година, во Лос Анџелес.

Филмот „Сестри” во август имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот. Филмот е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога се соочени со последиците од нивното декадентно однесување, а македонската фестивалска премиера беше на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки” во Битола.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com