13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Филипче: Ја повикувам опозицијата да ги повлече 2.000 амандмани со кои намерно ја блокира изградбата на Клиничкиот центар

Најчитани вести

Министерот за здравство Венко Филипче, ја повика опозицијата да ја одблокира изградбата на новиот Клинички центар.

Тој истакна дека предлага Комисија која ќе биде водена од пратеници од опозицијата, да ја водат постапката за изградбата на новиот Клинички.

„Ја повикувам опозицијата да ги повлече 2000 амандмани со кои намерно ја блокира изградбата на новиот Клинички центар.

Предлагаме собраниска комисија којашто ќе ја водат пратеници од опозицијата, нека ја водат слободно тие постапката за Клинички центар.

Ние ќе бидеме тука како Министерството за здравство да ги поддржиме, а тие нека го контролираат процесот на изведба и на секој аспект од проектот.

Не бегаме од ништо се е отворено и транспарентно, ајде еднаш да покажеме дека можеме заедно да направиме нешто за граѓаните.

Ако опозицијата не го прифати ова ќе биде јасно дека воопшто не станува збор за нивна недоверба или желба за унапредување на проектот, туку едноставно стратегија за блокади и некоструктивност која веќе предолго трае.“, напиша Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести