10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Филипче: Успешно се изведени четири кадаверични трансплантации

Најчитани вести

Министерот за здравство, Венко Филипче, учествуваше на стручната средба на тема „Улогата на медицинската сестра во процесот на трансплантација на бубрег“, во организација на Секцијата на медицински сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација при Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ).

Филипче кажа дека од почетокот на годинава веќе успешно се изведени четири кадаверични трансплантации, а во континуитет се вршат и трансплантации на бубрези од жив донор.

„Исто така, минатата година успешно е извршена првата несродна трансплатација на матични хематопоетски клетки. Тоа е револуционерен чекор на јавното здравство во нашата држава, кое сега е дел од светските и европски медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Во јануари годинава успешно се изведе и првата несродна трансплантација кај 13 годишно момче со апластична анемија“, рече Филипче.

Тој кажа дека трансплантацијата на органи е исклучително благороден чин, со кој се дава шанса за живот на пациентите.

„Меѓу персоналот кој макотрпно и посветено работи на трансплантацијата на органи се и медицинските сестри и техничари по нефрологија, дијализа и трансплантација, на кои е посветен денешниот настан“, изјави министерот Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com