26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Филипче: Се соочуваме со пикот, почитувајте ги мерките, ситуацијата е исклучително ризична и критична

Најчитани вести

Министерот за здравство, Венко Филипче повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради ковид панедмијата. Како што рече по отворањето на модуларната болница во Прилеп, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки.

Сепак, тој предупреди, здравствениот систем е под огромен притисок каков што не бил никогаш во историјата. Се соочуваме со пикот и со досега најсилниот бран, но тоа е нешто што се случува буквално во сите околни земји, во цела средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка.

Филипче апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, нагласувајќи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.

– Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитувааат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките – истакна Филипче.

Според него, во однос на дополнителните рестрикции, земјава ги следела примерите од другите земји.

– Видовме и многу потешка рестрикција, едноставно тоа не даде резултат. Напротив, многу земји се соочија со уште посилен бран од тоа што се соочуваме ние. Очигледно дека локалната трансмисија го прави своето. Дури и евентуално некоја дополнителна мерка како дополнителна рестрикција по примерот на другите земји, видовме дека не даде никаков ефект. А како го гледаме резултатот од тоа што го препорачавме во смисла да нема експоненцијален раст на бројот новозаразени што би значело огромен притисок кон болниците што не би можеле да го издржиме, а тоа ние го немаме со дополнителна преадаптација на кревети. Секој пациент добива здравствена услуга и во таа смилса дури и денешната сегашна бројка од околу 1.200 укажува на тоа дека имаме некаква форма на плато – напомена министерот, одговорајќи на новинатрски прашања.

Филипче потеницра дека благодрение на брзата прераспределба и брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираат сегашниот ковид удар.

– Ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита за што морам да им се заблагодарам и да им честитам на пожртвуваната и посветена работа. Тоа значи дека во секоја болница, па и тука во Прилеп се прави планирање на дневна основа, но и среднорочно во смисла на тоа кои одделенија ќе бидат преадаптирани, дококу е потребно и доколку дополнитлено се зголемува бројот на пациенти – подвлече Филипче

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести