27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Филипче: По укажување од Кина го сменивме каналот за набавка на вакцините

Најчитани вести

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека бил сменет каналот за набавка на вакцините од Кина откако кинеското Министерство за надворешни работи им укажало на македонските власти дека треба да се следи друг канал за набавка.

– Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство укажаа од кинеското Министерство за надворешни работи дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го послушавме и го направивме и затоа сега на некој начин се одолговлече тој процес, затоа се врати уплатата – изјави Филипче за Канал 5.

Пратеникот Антонио Милошоски го повика премиерот Зоран Заев да каже која е фирмата во Хонг Конг, откако италијанскиот весник „Ла Верита“ во текст насловен „Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот“ објави дека Кина го одбила македонскиот премиер за вакцини поради тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма која е наведена во сите официјални писма на министерот Венко Филипче до кинеската компанија Синофарм.

– Според она што може да се види во регистарот на овие компании е дека ниту „Синохидро“, ниту „Пауер Чајна“ не се регистрирани во Хонг Конг. Ниту, пак истите важат за фантом фирми. Затоа прашањето до Заев и до Филипче е како ја одбрале фантом фирмата од Хонг Конг и зошто преку оваа фирма требало да оди набавката на вакцини, и дали била дадена банкарска гаранција, и дали постои преддоговор со министерството за здравство – праша денеска Милошоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести