26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Филипче: Околу 10.000 македонски државјани се вакцинирале во Србија

Најчитани вести

Имам информација дека околу 10.000 македонски државјани заминале да се вакцинираат во Србија, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција по повод пристигнувањето на новата донација вакцини од Србија.

– Контактирав со српскиот министер Златибор Лончар и го замолив да ми ги достави податоците во електронска форма, со цел да ги внесеме граѓаните во листата на вакцинирани и да им овозможиме ревакцинација. Во поглед на смртноста од ковид-19, има земји со многу поголема смртност од нашата, а такви се Бугарија и Словенија, на пример. Расте смртноста и ние не сме исклучок. На пациентите им пристапуваме максимално професионално – рече министерот.

За донацијата од 20.000 вакцини „Спутник В“ од Србија, Филипче рече дека со нив ќе се вакцинираат вработените во МВР, во АРМ, во јавниот транспорт, вработените на патарините…

– Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија – истакна Филипче, додавајќи дека вакцинацијата ќе се врши во салата „Борис Трајковски“.

Министерот истакна дека целта на рестриктивните мерки е да се ограничи движењето на граѓаните за да се спречи ширењето на вирусот помеѓу младите лица.

– Сега има една умерена рестрикција и се забележува дека нема голем раст на новозаразени. Ние успеавме да го изменаџираме тоа и има сосема доволен број кревети во болниците – истакна Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести