10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Филипче: Најкритично е во Тетово, каде што заболените биле на прослави

Најчитани вести

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција ги соопштува новите мерки поврзани со зголемениот број заболени од ковид-19. 

на почеток сме на нов бран и на тоа укажуваат бројките кои раста и кај нас и во соседството

Тетово е најкритичниот град , каде што има 45 хоспитализирани пациенти. Бројките се високи и во Скопје и во Гостивар, Куманово , Кичево , Струмица. Сепак нема притисок во моментов во болниците.

Под 10 % во болниците се пациенти кои се целосно вакцинирани и се во добра состојба , односно не се кричтични , рече Филипче.

Меѓу 70-80% заштитува вакцината од болест и за 20 пати ја намалува смртноста од делта сојот , што е најзначајно. Во Тетово поголем број пациенти биле на прослави . Затоа од 16 август се забрануваат сите видови собири и прослави во затворен простор.

Филипче рече дека има доволен број вакцини , односно 400.000 , што значи дека вакцинацијата ќе продолжи непречено. Тој апелира до сите да се вакцинираат , за да се стекне колективен имунитет и да нема забрани и ограничувања.

https://www.facebook.com/359477174168894/videos/207931961177648

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com