9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Филипче најави скрининг во училиштата со брзи тестови

Најчитани вести

Покрај скринингот во училиштата, министерот најави и анализа во однос на високата смртност од ковид-19 во земјава. Оваа анализа, вели тој, ќе одземе повеќе време, но детално ќе се анализира здравствената состојба затоа што 73 отсто од починатите биле со најмалку две хронични болести

Во наредниот период ќе се прави скрининг на состојбата со ковид-19 во училиштата за што учениците ќе се тестираат со брзи антигенски тестови, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Следните денови детално ќе ја презентираме методологијата за скринингот на тестирање на учениците во основните и средните училишта. Факт е дека има одредена трансмисија, многу мала, меѓутоа сакаме да направиме еден скрининг на состојбата поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители. Дозволете детали за овој пристап, за методологијата, да кажеме во следните денови заради тоа што бара одредена подготовка во однос на согласност на родителите итн.“,

рече Филипче.
Тој вели дека скринингот ќе ги опфати повеќето од училиштата ширум државата, а со методологијата која се подготвува ќе биде познато колкава бројка ученици во одредени училишта ќе бидат тестирани, со цел да се добие релевантен репрезентативен примерок.

Покрај скринингот во училиштата, министерот најави и анализа во однос на високата смртност од ковид-19 во земјава. Оваа анализа, вели тој, ќе одземе повеќе време, но детално ќе се анализира здравствената состојба, затоа што 73 отсто од починатите биле со најмалку две хронични болести.

„Ќе ја анализира здравствената состојба на пациентите заради тоа што 73 проценти од пациентите кои починале според нашата сегашна анализира се пациенти кои имале најмалку две хронични болести. Ова бара еден детален скрининг на здравствената состојба на населението кај нас“,

рече Филипче кој наброја дека тој скрининг ќе ги опфаќа претходната здравствена состојба на пациентите, типот на хронични болести, начинот на лекување, пристапот во редовноста во земање терапии, колку често се јавуваат на контролни прегледи итн.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести