14 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Филипче најави пристигнување на вакцини во февруари

Најчитани вести

Дозите вакцини од производителот „Фајзер“ за нашата земја се веќе резервирани, а првите од нив се очекува да пристигнат во државата во февруари, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека во истиот период вакцини се очекува да пристигнат и преку системот „Ковакс“.

„Можно е Австрија, Бугарија, Полска и Грција да одделат некоја количина од своите, но јасно ни укажуваат зошто тоа до сега не беше направено е проблемот во количината којашто ја добиле. Значајно помала, некаде 1/10 од планираната за нивните земји“, рече Филипче.

Министерот Филипче воедно информираше и дека на 21-ви јануари угостителските објекти ќе добијат дозвола за работа до 21:00, а ќе се разгледува можноста за нивна работа и до 23:00 часот .

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести