-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Филипче: Интензивно работевме со МОН, учениците од септември да се вратат во училиштата

Најчитани вести

Големи се шансите учениците од септември да се вратат во своите училишни клупи и полека да се враќаме во нормален живот.

Ова денеска го истакна министерот Венко Филипче, кој говореше и за новиот делта вид на корона вирусот што е поопасен од сегашниот вид.

„Секаде гледаме различни сценарија. Делта сојот е многу посилен и попренослив од обичниот. Немаме податоци за тоа дека вакцинираните имаа полесна форма на вирусот. Што се однесува до училиштата, протоколите завршија и се прилично слични. Нашиот план е сите да се вратат во училиштата. Тоа сите ние го посакуваме. Интензивно работевме со МОН за да можеме да ги предвидиме сите можни сценарија“, истакна Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести