3.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Филипче: Ефикасноста на „Синовак“ е висока, бројката на пријавени граѓани за вакцинација треба да се зголеми

Најчитани вести

Дел од примероците од позитивните тестови кои се испраќаат во МАНУ за да се одреди типот на предизвикувач не укажуваат дека има ширњењ на делта сојот. Освен во оние два поединечни случаи кај кои беше откриен овој вид на мутација, вели министерот за здравство Венко Филипче во Утрински Брифинг.

Министерот напомена дека до крајот на оваа недела сите пријавени граѓани за вакцинација ќе бидат вакцинирани.

-Сметам дека дека бројката на пријавени граѓани треба да биде поголема.Затоа развиваме нови модели преку кои ќе се извршува имунизацијата како теренската вакцинација . Сите кои чекаа ќе бидат вакцинирани, вели Филипче.

Тој напомена дека сега наставниците имаат приоритет .

-Прилично висок процент имаше од досегашната бројка на вакцинирани и пријавени наставници кои држеа часови со физичко присуство.Јас верувам дека таков ќе биде опфатот и сега, вели тој.

За ефикасноста на „Синовак“, министерот напомена дека е прилично висока и дека оваа вакцина дефинитивно штити од тешка форам на болесат и од смретен исход од ковид 19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести