20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Филипче: Во среда ќе почне масовната имунизација на населението

Најчитани вести

Министерот за здравство Венко Филипче верува дека по пристигнувањето на првите  вакцини преку Ковакс системот најавени за утре, в среда ќе почне масовната имунизација на населението.

-Сега сме целосно посветени системот добро да функционира и целокупниот процес да се спроведе брзо и ефикаснмо затоа што веќе е направен план, први ќе бидат повикани оние критични граѓани согласно Националната страегија во здравствените домови понатаму имаме место во салата Борис Трајковски за имунизација. не се само овие вакцини што рпистигнуваат во април, сето она што очекуваме да се случи порано еве се случува сега во април, рече Филипче во гостување на ТВ Сител.

Има, како што рече,најава по 15 април за количина од близу 20.000 вакцини од системот за европска солидарност, за што разговараа телефонски претседателката на ЕК и премиерот Зоран Заев. За април, додаде, има најава и за одредена количина што ги најави Бугарија пред неколку месеци, кинеските вакцини исто така, така што верувам дека тоа ќе биде еден систем што ќе започне брзо со работа. Инаку верувам дека процесот ќе започне в среда кога ќе се завршат сите формалности околу администрацијата и документите, дозволите за употреба согласно со регулативата на Агенцијата за лекови за да имаме навистина добар систем на спроведување на процесот на вакцинација, наведе Филипче.

На средината на јуни, оцени, сликата ќе биде значајно поразлична со зголемување на достапноста на вакцините и системот што планираме да го имплементираме мислам дека ќе постигнеме да бидат вакцинирани поголема група граѓани.

Според него, следната недела ќе биде критична за состојбата со вирусот согласно проценката на промена на инциденцата во различни градови на државата. -Некаде веќе има умерено намалување а некаде се уште не и тоа  го гледаме по протисокот во болниците. Мислам дека следната недела ќе биде критична, брановите обично трaaт шест до осум недели, веќе истекува шестата недела и се соглaсувам дека пикот можеби е веќе пред нас, рече Филипче.

Дополнителна рестрикција, како што рече, нема да даде резултати затоа што веќе вирусот е широко распространет.

Најави дека од понеделник за ковид пациенти во функција ќе биде ставена и болницата за рехабилитација во Козле, каде има 100 кревети.

Веќе се прави план попишувачите да бидат ставени во приоритетните за вакцинирање, а процесот на нивна вакцинација, како што рече, може да се организира за два дена.

Вакцинацијата на нашите граѓани и на другите граѓани од регионот во Србија ја оцени како пријателски и многу добар гест, а најави дека оние кои нема да добијат термини за ревакцинација во Србија тоа ќе може да го сторат во државава.

-Утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видам дали може да ги добиеме електронските податоци за да ги вградиме во нашиот систем, а доколку не, попладнево веќе разговаравме да направиме еден модул на сегашниот сајт за вакцинација за тие граѓани да можат да се пријават. Тие секако добиле термини за ревакцинација но доколку некој не може и сака тука  да продолжи тоа да го испланираме во нашиот систем, рече Филипче. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести