Здравствените власти најавија дека околу 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин ќе бидат вакцинирани во следните две недели.
Се очекува в недела да пристигнат 500 илјади дози од вакцините против ковид-19 „Синовак“ , а денеска уште 100 илјади вакцини фајзер преку ковакс механизмот. Тие ќе се ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на институтот за судска медицина. Се очекува вакцините да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.