-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Филипче: Во пожарот во ковид – центарот во Тетово има жртви

Најчитани вести

Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати ковид – центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на социјалните мрежи информира дека пожарот е веќе изгаснат и дека сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените.

„Пожарот е веќе изгаснат и дека сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации“, напиша Филипче.

Тој се уапти кон местото на несреќата и напиша дека во најскоро време по увид на состојбата ќе сподели официјални информации што точно се случува.

„Апелирам за смиреност додека ги чекаме деталите за несреќата“, напиша министерот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com