Еден полицаец загинат, а 11 лица се повредени откако 65-годишен маж активирал бомба во колеџот во градот Инитао, што се наоѓа на 771 километри јужно од Манила.
Како што јавува германската новинска агенција ДПА, во инцидентот убиен е и напаѓачот од страна на полицијата.
Напаѓачот, кога пристигнала полицијата ја активирал бомбата и ја фрлил кон полицајците, при што еден од нив загина, а друг беше повреден од експлозијата.
Мотивите за нападот се уште не се познати.